Ѓоковиќ во трка да сруши уште еден рекорд на Надал и Федерер

Од:

Роџер Федерер и Рафаел Надал ги закачија своите рекети, ги завршија своите кариери, а Новак Ѓоковиќ сè уште им пркоси на своите години и се бори со младите надежи на светскиот тенис.

Пред се станува збор за Јаник Синер и Карлос Алкараз, водечкиот тандем на АТП турнејата.

Италијанецот освои два гренд слем турнири (Вимблдон и Австралија Опен), додека Шпанецот го освои трофејот на Ролан Гарос.

Се појави новата АТП листа, Новак остана на шестото место, што е јубилејна 900-та недела во ТОП 10.

На овој начин, тој го зацврсти своето место на третата позиција зад Рафаел Надал (912), кого би можел да го престигне веќе оваа година, а Федерер е на 968, што е малку потежок предизвик и ќе зависи од времетраењето на кариерата на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ сега е фокусиран само на Гренд слем турнирите, кои можат да го загрозат неговиот пласман, бидејќи е познато дека нема да игра на повеќето големи турнири од Мастерс серијата, каде што другите тенисери ќе бркаат поени.

Би можело да ве интересира

Новак Ѓоковиќ на каса во маркет во Црна Гора

А1он

Стабс: Австралија Опен ќе биде последниот Гренд слем за Ѓоковиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Актерот Хју Грант задрема на натпреварот на Новак Ѓоковиќ

А1он

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Ѓоковиќ го разоружа растрчаниот Де Минор и се пласираше во четвртфинале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Вимблдон, следи „пресметката“ против Кецмановиќ

Горан Наумовски