Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Велес

Од:

Во СВР Велес синоќа околу 23 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „тојота“ управувано од 66-годишниот Б.И. од Велес, возило „лада“ управувано од 31-годишниот Л.Б. од велешкото Башино Село и возило „БМВ“ управувано од 31-годишниот Д.М. од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување, информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од екипа од СВР Велес.

Како што информира д-р Ванчо Граматов портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, двајцата повредени, мажот со тешки повреди на градите и жената на стомакот кои во велешката болница биле донесени околу полноќ, по лекарските прегледи и по направените снимања со возило на велешката болница биле однесени на понатамошно лекување во скопските клиники.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница