Момче е тешко повредено во сообраќајка во близина на Битола

Од:

Во СВР Битола е пријавено дека на крстосницата од патот Битола-ГП Меџитлија со локален пат за с.Оптичари и локален пат за с.Бистрица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл управуван од малолетник од Битола и возило „опел астра“ со српски национални ознаки, управувано од П.Ш.(61) од Република Србија, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Битола.

На местото на несреќата е извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Обровац: Двајца мртви, уште двајца итно префрлени во болница

Несреќа во Скопје: Мотоциклист заврши со тешки повреди на „Партизанска“

Сите патници во комбето што излета од патот Котор-Никшиќ се српски државјани: Загина 21-годишна девојка

Повеќе од 30 повредени откако автобус се судри со возила и удри во зграда

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

Пет лица се повредени во сообраќајка на три возила на патот Прилеп – Битола

Горан Наумовски