Во запален стан во Струмица на улицата „Благој Јанков Мучето“ денеска во 15:27 часот било пронајдено починато лице, соопштија денеска од ТППЕ Струмица.
Како што информираат оттаму, пожарот избувнал во стан на 4 кат во колективна станбена зграда, а во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и седум пожарникари.
-Другите станови во зградата се заштитени од пожарот и сите станари се безбедно евакуирани – информираат од ТППЕ Струмица.
На местото на настанот увид извршиле инспектори за пожари, полицијата и јавен обвинител од ОЈО Струмица.