14 години затвор за руски писател кој ја критикуваше агресијата врз Украина

Од:

Меѓународно признатиот руски писател Борис Акуњин беше осуден во отсуство од московски суд на 14 години затвор за неговата наводна поддршка на тероризмот.

Адвокатот се залагаше неговиот клиент да биде прогласен за невин поради недостаток на докази, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Авторот на бестселери постојано го критикуваше руското раководство предводено од Владимир Путин, како и војната што Русија ја води против Украина.

Акуњин е роден во Грузија како Григориј Чхартишвили. Руските власти го прогласија за „странски агент“ и го обвинија за поддршка на тероризмот. Овој 69-годишник живее во егзил со години, вклучително и во Обединетото Кралство.

Минатата година, во интервју за британскиот весник „Стандард“, тој рече дека воопшто не е заинтересиран за судските постапки покренати против него и дека, од негова перспектива, во Русија повеќе нема вистински судови.

Акуњин е автор на бројни криминалистички романи, од кои многу се објавени во странство. Поради критиките за руската војна против Украина, неговите книги беа повлечени од продажба во Русија пред три години.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија беше подготвена да ги продолжи преговорите, но Киев се обиде да ја нападне Москва

А1он

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди украински манастир – загина свештеник

А1он

(ВИДЕО) Двajца загинати и шестмина повредени во напад со украински дронови во Московскиот регион

А1он

Мелони: Италија има јасен став за Украина, Москва покажува нервоза

А1он

(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

А1он

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он