Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

Од:

Во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Скупи“ во Скопје настанал пожар во кој биле опожарени шест куќи, додека на две куќи биле зафатени делови. Во пожарот малолетник се здобил со повреда и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Во истата болница била пренесена и Ш.С.(34) поради вдишување на чад. Исто така, Р.С.(69), Х.Х.(49) и тројца полициски службеници, поради вдишување чад, побарале помош во Градската општа болница „8 Септември“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Хорор на плажа во Хрватска: Дрво падна врз капачите, меѓу повредените има и деца

Мерџановски: Зголемен број на пациенти кои се повредени во сообраќајки, a регистрирани се и колапси поради жештините

Горан Наумовски

Шест повредени во невремето во Скопје примени во болницата „Св. Наум Охридски”

А1он