Филипче: Власта троши 1.8 милиони евра на брошури, кетеринзи, тотеми и себе промоција, но не дава за семејствата на настраданите во Кочани

Од:

Последиците врз граѓаните од страшната трагедија во Кочани се огромни, СДСМ во изминатите месеци покажа што значи вистинска грижа и поддршка, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната средба со членовите на општинската организација на СДСМ во Кочани.

На средбата се разговараше за потребата од државна поддршка за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани.

Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден предлог на СДСМ за помош за Кочани додека паралелно Владата на ВМРО ДПМНЕ си ги зголемува сопствените трошоци.

Предложивме закон за финансиска помош за семејствата од Кочани. Поднесовме и амандман на ребалансот на Буџетот за да обезбедиме средства и да покажеме дека општеството не ги заборава. За жал, и законот и амандманот беа одбиени од власта и мнозинството. Тешко е да се прифати дека истата таа власт денес троши 1.8 милиони евра на кампањи, брошури, кетеринзи и тотеми и себе промоција, но не прифаќа да обезбеди средства за семејствата на настраданите“ – рече Филипче.

На средбата тој посочи дека СДСМ ќе биде сѐ погласен и секогаш поприсутен меѓу народот.

“Ќе продолжиме да се бориме за Кочани, да се слуша нивниот глас, и да се избориме за поддршката што ја заслужуваат. Ова не е политичко прашање, туку човечко. Ќе бидеме силен противник на оваа неспособна власт и заштитник на граѓаните, кои заслужуваат одговорна и правична држава”, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи