(ВИДЕО) Јанчев: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

Од:

Со амандманот кој го предложи пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, се бараше да се обезбедат средства за изработка на студија за валоризација на подрачјето на планината Огражден.

Целта на студијата беше да се покрене формална постапка за прогласување на Огражден за заштитено подрачје – чекор што би ставил траен штит од опасноста што демне од најавените рудници со отворен коп за металични минерали, кои народот веќе ги нарече „рудници на смртта“, вели Јанчев.

Во својот говор, Јанчев сликовито ја опиша катастрофата што би можела да го снајде целиот регион: загаден воздух, вода и почва, труење на над 70 живи села во Струмичката котлина, и можност за невидена трагедија ако се реализира планот за изградба на светски невидена брана висока 276 метри за хидројаловиште.

„Хидројаловината е композит од отрови, на трудни подрачје, еден малку посилен земјотрес – целата котлина ќе биде затрупана со отрови и тоа ќе не може да се санира илјада години” – предупреди тој.

Иако амандманот беше реален, јасен и во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на народот, владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го одби, па така, уште еднаш се покажа дека профитот и туѓите интереси за нив се поважни од животот и иднината на македонските граѓани.

Би можело да ве интересира

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

А1он

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он