Русите близу Москва соборија четири дронови испратени од Киев

Од:

Руските воздухопловни сили соборија четири украински дронови кои се движеа кон Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Трите московски аеродроми – Домодедово, Внуково и Жуковски – накратко ги прекинаа операциите пред да продолжат, соопшти рускиот воздухопловен орган Росавијација.

Властите претходно соопштија дека привремено ги прекинале сите летови до и од аеродромот во градот Калуга, околу 200 км југозападно од Москва.

Руското министерство за одбрана соопшти дека 14 дронови биле соборени над регионот Брјанск и уште осум над регионот Белгород помеѓу 15 и 16:30 часот. Двете области се граничат со Украина.

Подоцнежен извештај на министерството вели дека 26 украински дронови биле уништени помеѓу 17 и 20 часот, вклучувајќи 20 над регионите Курск и Брјанск.

Би можело да ве интересира

Киев ќе купи ракети „Патриот“ за 3,2 милијарди евра

Четири лица, меѓу кои и едно дете се убиени во Новоросијск

Бесент: Обновата на Украина ќе биде огромен проект, сличен на повоената обнова на Германија

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он

Лавров: Украина ќе плати висока цена за нападите врз руските цивилни цели

Горан Наумовски