Ига Швјонтек како „брз воз“ до женското финале на Вимблдон

Од:

Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во финалето на Вимблдон победувајќи ја Швајцарката Белидна Бенчиќ во два сета, за само 71 минута, со резултат 6:2 и 6:0.

Ига ќе се бори за својот шести трофеј од гренд слем турнирите против Американката Аманда Анисимова, која изненадувачки ја елиминираше Белорусинката Арина Сабаленка, тенисерка број еден во светот, со 2:1 во сетови.

Финалето е закажано за сабота во 15 часот.

Кој и да слави, ќе го освои Вимблдон за првпат. Ако е тоа Аманда Анисимова, ќе добиеме нова шампионка од Гренд слем, додека Ига Швјонтек ќе атакува на својата шеста титула од Гренд слем, бидејќи досега има четири Ролан Гарос и една од УС опен.

Сепак, пред Вимблдон таа го освои својот прв турнир на трева во Бад Хомбург, што очигледно ѝ даде самодоверба.

Како што напредуваше Вимблдон, таа стануваше сè посамоуверена, а ја видовме нејзината целосна доминација во полуфиналето, каде што ја „згази“ Белинда Бенчиќ на теренот.

Несомнено, таа ќе биде голем фаворит во финалето против Аманда Анисимова, особено ако покаже вакво ниво на игра како што покажа во полуфиналето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сабаленка елиминирана на Вимблдон – Анисимова е во големото финале

А1он

(ВИДЕО) Актерот Хју Грант задрема на натпреварот на Новак Ѓоковиќ

А1он

Американскиот тенисер Тејлор Фриц прв полуфиналист на Вимблдон

Ѓоковиќ го разоружа растрчаниот Де Минор и се пласираше во четвртфинале на Вимблдон

А1он

Алкараз се пласираше во осминафиналето на Вимблдон

Сензации на Вимблдон, 8 тенисери од првите 10 елиминирани уште на почетокот на турнирот

А1он