Левица: Владата ги остави без асистенти лицата со попреченост во Источна Македонија

Од:

Она за кое што веќе пишувавме доби и официјална потврда од надлежната институција. Во одговор на барање на информација од јавен карактер поднесено од Катерина Јовановска, координатор на Социјален сектор при Левица, Министерството за социјална политика, демографија и млади одговори дека нема асистенти за лицата со попреченост од Штип, Пробиштип, Кочани и Свети Николе поради немање на провајдер, нагласуваат од Левица.

„Додека властите се расфрлаат со празни фрази за „еднаквост“ и „инклузија“, реалноста во Источна Македонија ја покажува вистинската слика на државниот систем – расцепкан, нефункционален и длабоко игнорантен кон потребите на најранливите. Овој случај ја разоткрива сериозната неорганизираност и нехуманост на надлежните институции во Источна Македонија, кои, поради недостиг од провајдер за услугата лична асистенција, го нарушуваат основното човеково право на независно и самостојно живеење на лицата со намален функционален капацитет.

Оваа ситуација е резултат на сериозен пропуст во системот за социјална заштита, кој треба да обезбеди соодветни услуги и поддршка за најранливите категории на граѓани. Недостигот на договори со провајдери за лична асистенција значително ги оневозможува лицата со инвалидитет да ги вршат своите секојдневни активности, да учествуваат активно во заедницата и да ја одржуваат својата автономија. Ова е директен удар врз нивното достоинство и правото на независност, а ваквата состојба дополнително ги изложува на ризик од социјална изолација и дискриминација.

Левица смета дека ова е сериозен сигнал за системските пропусти и недостатокот на стратегија и план за обезбедување на квалитетни услуги за лица со инвалидитет. Не е доволно само да се зборува за човекови права и еднаквост, туку на дело треба да се преземат конкретни мерки за решавање на овој проблем. Ваквата состојба е апел за надлежните да реагираат итно, да обезбедат соодветни провајдери и да ја ревидираат постојната политика за социјална заштита.

Левица бара одговорност од сите инволвирани институции, транспарентност во решавањето на проблемот и конкретни чекори за гарантирање на правото на секој граѓанин на достоинствен живот и активно учество во заедницата. Не смее да има никакви компромиси кога е во прашање правото на граѓаните на независен и самостоен живот, особено на оние со најголема потреба од поддршка, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот