Пожари на повеќе локации во општина Старо Нагоричане

Од:

Пожари има на повеќе локации и во општина Старо Нагоричане. Горат неожнеани ниви, стрништа, но и објекти, соопшти денеска заменик градоначалникот на општината, Бобан Цветановски.

– Пожар имаме во маало Трендајловци, село Младо Нагоричане, во близина на „Етносело“. Огнената стихија брзо се шири, бараме поддршка од сите соседни општини Куманово и Ранковце ама и таму има пожари. Има зафатено куќи, викендички, неожнеани ниви, стрништа, огромна површина, изјави Цветановски.

Екипите се на терен, но станува збор за рурална општина чија противпожарна единица има само две возила.

– На помош се и мештаните кои со трактори помагаат, дојдоа и луѓе од Куманово. Огромна површина, додава Цветановски.

Би можело да ве интересира

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак