Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Од:

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци, по зголемувањето на пристигнувањата на островот Крит, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.

„Грција ќе ја информира Европската комисија дека ја суспендира обработката на барањата за азил за три месеци за мигрантите што пристигнуваат во Грција од Северна Африка со брод. Сите имигранти што нелегално влегуваат во земјата ќе бидат уапсени и притворени“, изјави Мицотакис пред пратениците во грчкиот парламент, објави ЕРТ.

Тој додаде дека разговорите со Либија се уште се во тек и дека грчките вооружени сили, морнарицата и крајбрежната стража се „подготвени да соработуваат со либиските власти за да спречат бродовите да ги напуштат“ бреговите на земјата или, во случај тие бродови да го сторат тоа, „да се вратат таму каде што застанале пред да влезат во меѓународни води“.

„Преминот кон Грција се затвора. Им кажувам на сите трговци со луѓе и на сите нивни потенцијални клиенти дека парите што ги трошат би можеле целосно да бидат потрошени“, рече грчкиот премиер.

По средбата со министерот за миграциска политика Танос Плеврис, премиерот Мицотакис најави построги мерки во парламентот по зголемениот прилив на мигранти од Африка на Крит.

Би можело да ве интересира

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската

2.000 туристи евакуирани во Грција: Властите ги преместуваат посетителите на безбедно место

Драма во Грција: Македонец остави паричник полн со пари во ресторан, а потоа избувна паника

Горан Наумовски