Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички

Од:

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.

Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност.

Најголемиот дел од електронските трансакции (над 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.

И употребата на платежните картички и натаму расте. Бројот на плаќањата со картички е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Овој раст најмногу се должи на зголеменото купување преку интернет (7,1%), но има раст и кај плаќањата во продавниците (0,6%).

Овие бројки од платежната статистика покажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање.

Би можело да ве интересира

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка

А1он

Усвоен Извештајот за финансиската стабилност за 2024: Финансискиот систем е отпорен на шокови

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај

Сиљановска-Давкова по дополнителните анализи ќе даде предлог за гувернер на Народната банка

Горан Наумовски

ЕК: Народната банка презема соодветни мерки за справување со ценовните притисоци

Народна банка: Дозволата за работа на „Еуростандард банка“ е укината на 12 август, а не на 1 јуни оваа година

Ландов