Израелски напади врз Појасот Газа, убиени се најмалку 13 лица

Од:

Израелските сили продолжија со бомбардирањето на Појасот Газа откако во неделата убија најмалку 82 Палестинци, вклучувајќи 10 лица кои чекаа во ред за помош, додека во денешните напади загинаа 13 лица, соопштија палестинските здравствени власти.

Во нападот на полноќ врз населбата Шеик Радван загинаа десетици лица, а жртвите сè уште се заробени под урнатините, објави Ал Џезира.

Спасувачите во окупираната палестинска енклава утрово пребаруваа со голи раце во урнатините на две станбени згради во кои се сместени раселени семејства, кои беа уништени во израелските напади.

Би можело да ве интересира

„Одете по ѓаволите“: Венс жестоко одговори на наводите за притисок врз Белата куќа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Нетанјаху: Израел ќе одговори силно и решително на секој напад врз негова територија

Палестински доктор од Газа тврди дека бил мачен во израелски затвор

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа

Демократите бараат блокирање на американскиот воен буџет поради соработката со Израел