ИДФ: Еден израелски војник е убиен, двајца се ранети во Кан Јунис

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека еден од нивните војници е убиен во борбите во областа Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, додека двајца други се тешко ранети, објавија израелските медиуми.

Според соопштението, 19-годишниот наредник Асаф Замир од 188-от баталјон на оклопна бригада е убиен, објави „Тајмс оф Израел“.

За време на нападот на израелските сили во Кан Јунис, врз тенк е пукано.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Израел ги прими останките на двајца заложници

Google и Amazon имаат таен договор со Израел за користење код за предупредување

Катерина Ѓуровски