Германија и купува ракетни системи „Патриот“ на Украина

Од:

Германија е во интензивни разговори за купување одбранбени системи „Патриот“ што ќе бидат префрлени во Украина, откако САД наредија пауза во испораката на некои клучни оружја, изјави денес портпарол на германската влада.

„Постојат различни начини да се пополни овој недостиг од систем „Патриот“, рече портпаролот, додавајќи дека една опција што се разгледува е да се купат одбранбени системи „Патриот“ во САД, а потоа да се префрлат во Украина, објави Ројтерс.

Тој рече дека може да потврди дека навистина се водат интензивни разговори за ова прашање. Американските медиуми објавија во вторник дека Пентагон одлучил да ја прекине испораката на муниција и ракети во Украина.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, изјави дека одлуката е донесена „за да се стават интересите на Америка на прво место откако Министерството за одбрана на САД ја разгледа воената поддршка и помош за други земји низ целиот свет“, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Зеленски предупредува: „Мала грешка од страна на Велика Британија може да чини многу“

Има мртви и ранети во рускиот напад врз регионот Харков

Зеленски: Не сме биле во подобра ситуација, Русија е изолирана и сама

Горан Наумовски

Петмина се мртви, а се 14 повредени во рускиот напад врз Запорошката област

ЕУ: Прво прекин на огнот, потоа преговори меѓу Русија и Украина

Велика Британија, Германија и Франција поддржуваат директни разговори меѓу Путин и Зеленски