Лавров: Се надеваат дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел ќе биде долгорочен

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Русија и Саудиска Арабија се надеваат дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел ќе биде долгорочен.

– Го поздравивме прекинот на огнот меѓу Иран и Израел, но во исто време изразивме надеж дека тој ќе биде одржлив и ќе отвори пат за продолжување на преговорите. Исто така, сме обединети во мислењето дека е потребно да се осудат какви било дејствија што би можеле да доведат до продолжување на вооружените конфликти“, изјави рускиот функционер по средбата со саудискиот министер за надворешни работи Фајсал бин Фархан, објави РИА Новости.

Лавров додаде дека двете земји веруваат дека сите спорови што ќе се појават треба да се решаваат исклучиво со политички и дипломатски средства, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и со активна помош на државите што можат да влијаат на позициите на страните во конфликтот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ

Иран: Ормутскиот теснец отворен за бродови од повеќето земји

Ирански дрон ги погоди резервоарите за гориво на аеродромот во Кувајт

Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме

(ВИДЕО) Уништената е големата џамија во Занџан, има мртви и ранети

Трамп: Наскоро го напуштаме Иран, цените на нафтата ќе паднат штом тоа ќе се случи