ВИДЕО: И студентите и полицијата на улици, тотална блокада на Белград, Нови Сад и Ниш

Од:

Белград, Нови Сад и Ниш ќе бидат целосно блокирани денес, објавија студентите на големи собири вечерва.

Тие најавија дека наутро ќе го блокираат сообраќајот во сите поголеми градови на Србија – во Нови Сад од 6:00 часот наутро, во Чачак во 6:30 часот наутро, во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Пазар од 7:00 часот наутро.

„Кога Уставот и законот ќе престанат да важат за оние кои мора да ги заштитат, сè мора да престане“, рекоа студентите собрани во иницијативата „Блокада“, кои ги координираа протестите и повиците за блокада вечерва и во изминатите неколку дена. Граѓаните се поканети да излезат на улиците почнувајќи од утрово и „мирно, но решително“ да го запрат сообраќајот.

„Србија запира денес“, се вели во поканата.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград