Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози.
Автомотосојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-На граничните премини од македонска страна време на чекање на Богородица 20-30 минути, на Табановце 20-30 минути на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Автомотосојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.
На граничниот премин со Србија „Табановце-Прешево“ денеска ќе биде пуштен во употреба системот One Stop за заедничка интегрирана контрола.
Воведувањето на овој систем, како што изјави неодамна министерот Тошковски, ќе овозможи многу побрз проток на граѓани на „Табановце-Прешево“, кој моментално е најфреквентниот граничен премин во државава.
Новиот начин на контрола треба да го олесни метежот на границите, особено во летниот период на зголемени патувања.
One Stop системот веќе е воспоставен со Косово на премините Блаце и Јажинце, во тек се разговори и со Албанија за воведување на два гранични премина.
Стостојбата на граничните премини може да ја следите ОВДЕ.