Причина за несреќата во која изминатата ноќ загинаа напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат, исто така фудбалер, Андре Силва, била пукната гума, јавува „Би-Би-Си“. Инцидентот се случил околу час и половина по полноќ на патот А-52 во провинцијата Замора, Шпанија.
Шпанските медиуми овјавија снимки од местото на несреќата.
Двајцата се наоѓале во „Ламборџини“ и претекнувале друго возило кога автомобилот излетал од патот поради пукнатата гума. Веднаш потоа возилото се запалило, при што немало шанси фудбалерите да бидат спасени.
Регионалниот портал „Zamora 24 horas“, кој прв информираше за трагедијата, наведува дека регистрациската табличка на автомобилот била клучна за откривање на имињата на жртвите во несреќата. Исто така, се прават ДНК тестови за да се потврди идентитетот на загинатите.