Ливерпул ќе изгради траен споменик на „Енфилд“ во чест на нивниот поранешен напаѓач Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кои загинаа во сообраќајна несреќа минатата година во северозападна Шпанија.
Скулптурата во облик на срце наречена „Засекогаш 20“ се однесува на бројот на дресот на Жота, кој е повлечен од клубот на сите нивоа, вклучувајќи ги женските и младинските тимови, објави Ројтерс.
Споменикот ќе го содржи и дресот со број 30 на Силва кога играше за Пенафиел во португалската втора лига.
„Ќе стои на постамент од Гранби Рок, ласерски гравирано со посвета на двајцата браќа“, објавија од фудбалскиот клуб Ливерпул.
Жота му помогна на Ливерпул да ја освои англиската Премиер лига минатата сезона, а со клубот од Мерсисајд го освои и англискиот ФА Куп во 2022 година и Лига Купот во 2022 и 2024 година.
Тој постигна 65 гола во 182 настапи за „Црвените“.
Пред почетокот на тековната сезона во Премиер лигата, Ливерпул му оддаде почит на португалскиот напаѓач со едноминутно молчење пред почетокот на натпреварот против Борнмаут.
