ВИДЕО: Инциденти ноќеска во Белград, полицијата со брутална акција кај Правниот факултет

Од:

Во текот на вечерта беше бурно на улиците на Белград, Ниш и Нови Сад. Полицијата повторно употреби сила против граѓани, студенти, средношколци и професори кои повторно ја изразија својата граѓанска непослушност во форма на мирни блокади.

Во Белград имаше голем број апсења, припадници на жандармеријата се обидоа да влезат во Правниот факултет, а покрај околу 40 уапсени студенти и пет ученици, беа уапсени и професори. Интервенција имаше и во Нови Сад.

Акциите на полицијата следеа само неколку часа по соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград дека сообраќајните блокади се спротивни на Уставот и законите на Србија, поради што властите се овластени да реагираат. Студентите во блокадата утрово објавија дека денешната акција планирана за 7:30 часот наутро е одложена и велат: Наскоро ќе слушнете од нас.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград