(ВИДЕО) Филипче: СДСМ објавува нови 11 кандидати за градоначалници

Од:

Претседателот на СДСМ – Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која се однесува на давање согласност за кандидатури на градоначалници за претстојните локални избори.

Одлуката се однесува на кандидати за градоначалници за 1о општини. Пред две недели беа објавени 19 кандидидати за градоначалници.

„Во општина Пехчево кандидат за градоначалник ќе биде Златко Николовски, член на Централниот одбор. Во општина Босилово, Мариче Кармазичева. Понатаму за Куманово организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски. Во Карбинци Љупка Соколовска, во Василево, Ванчо Новоселски. Во Сопиште претседателот на општинската организација, Звонко Васев.

Понатаму кандидат за градоначалник во Јегуновце ќе биде Дарко Блажевски, градоначалник во претходниот мандатот од 2017 до 2021 година. Во Охрид кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, д-р Асен Шајн. Во Демир Хисар, Златко Кузмановски, претседателот на општинската организација.

Во Струмица, кандидат за градоначалник ќе биде претседателот на општинската организација, Марјан Даскаловски и во Дебарца исто така претседателот на општинската организација, Љупчо Паункоски“ рече Филипче.

Тој напомена дека „и овој процес на селекција, исто како и претходниот, ги следеше истите критериуми, анализа на резултатите од анкетите, разговори бројни со членови на општинските организации“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО