Костадинов: Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ

Од:

Актуелниот градоначалник на Струмица – Костадин Костадинов од денеска го замрзнува своето членство во СДСМ. Ова меѓудругото тој го напиша на Фејсбук по одлуката на партијата Костадинов да не биде кандидат на СДСМ за трет градоначалнички мандат во Струмица.

„Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Ова не е крај. Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце. Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори. Не затоа што бев најгласниот. Не затоа што бев најсилно партиски поддржан. Туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене: работа, доследност и љубов кон градот“ пишува Костадинов.

Тој вели „Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена. Не затоа што се плашам од пораз. Јас не знам што значи да изгубиш избори. Туку затоа што нема вистинска понуда за градот. Нема суштинска дебата. Нема нова визија. Нема предизвик. А човек што нема предизвик – ќе победи, но ќе тапка во место. А тоа е пораз што не го прифаќам“.

„Јас останувам социјалдемократ. Не со партиска книшка – туку поради вредностите. Верувам во солидарноста, во еднаквоста, во државата како рамо за народот. Но не можам да молчам кога гледам немање став, немање храброст, немање волја за фронт од тие од кои најмногу се очекува! Таа празнина ја чувствува секој вистински левичар, секој граѓанин што чека некој да каже – доста е!“ вели Костадинов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Новиот кандидат за Струмица со Заев исклучуваше од струја цели ромски семејства, ако не гласаат за нив

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Јасно е дека Филипче и Заев стојат зад Костадинов

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Костадинов: Уште колку жртви треба да дадеме за да се свестиме дека со огнот нема играчка

А1он

(ВИДЕО) Голем пожар кај Струмица

А1он

ВРЕДИ ги осудува изјавите на „маргинален проруски политичар во Бугарија“