Шефот на еврогрупата и премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер на 22 август ќе пристигне во посета на Атина.
Грчкиот премиер потоа на 24 август ќе отпатува во Париз каде ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд, а еден ден потоа во Берлин ќе разговара и со германската канцеларка Ангела Меркел.
Инаку утре завршува првата рунда од разговорите меѓу грчката Влада и претставниците на Европската комисија, ММФ и Европската централна банка за мерките со кои во наредните две години треба да се заштедат 11,5 милијарди евра, откако претпладне министерот за финансии Јанис Стурнарас ќе се сретне со „тројката“.
Деталите за мерките ќе бидат финализирани до крајот на август, а целиот пакет за заштеда на 11,5 милијарди ќе биде готов во септември кога се очекува и извештајот на „тројката“ за состојбата на грчката економија и напредокот на реформите.