ВИДЕО: Со марици во полна брзина на граѓаните, полицијата во Белград ги пробива блокадите

Од:

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како полицијата се движи кон граѓани на една од блокираните белградски улици.

Четири полициски автомобили кои се движеа во четири ленти налетаа на граѓани кои ја блокираа улицата во Војводе Степе.

Како што може да се види на видеата, граѓаните бегаа од полициските возила кои со полн гас се движеа кон толпата.

Студентите во блокадата објавија дека 16 лица се уапсени во текот на утрото на оваа улица.

За потсетување, блокадите на неколку раскрсници и улици започнаа синоќа низ цела Србија.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград