Пожар кај селото Јосифово, огнот брзо се шири кон населеното место

Од:

Пожар денеска избувнал во атарот на валандовското село Јосифово. Центарот за управување со кризи информира дека гори сува трева, а поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се шири кон населеното место.

На терен интервенираат пожарникари од Валандово и Гевгелија. Според информациите на ЦУК, на терен се седум пожарникари со четири возила од ТППЕ Валандово и тројца пожарникари со едно возило од Гевгелија.

По барање на градоначалникот, преку бројот за итни повици 112, побарана е воздухопловна поддршка и дополнителни тимови за справување со пожарот.

– Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш испрати барање до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Секторот за специјални задачи (СИКС) при МВР за ангажирање на хеликоптер за гаснење од воздух. Хеликоптерот на МВР веќе е во воздух и се движи кон местото на пожарот, се наведува во информацијата од ЦУК.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата

Гореше сува трева во атарот на скопското село Булачани

(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Горан Наумовски

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице e повредено

A1on