(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан

Од:

На Советот на АЛДЕ (Алијанса на либерали и демократи за Европа), кој викендов се одржува во Хелсинки, Финска, Либерално-демократската партија (ЛДП), ги предложи и ги промовираше двете итни резолуции кои имаат за цел да го затворат растечкиот јаз меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан – едната за интеграција на Западен Балкан во европскиот одбранбен систем, а другата за забрзано донесување на конкретни придобивки за граѓаните.

„На Советот на АЛДЕ во Хелсинки либерал-демократите уште еднаш ја потврдија својата визија за проширена и обединета Европа, усвојувајќи ја резолуцијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) од Македонија, со која што јасно се укажува на проширување на Европската Унија до 2030 година, согласно Копенхашките критериуми“, со почитување на македонската посебност, јазик и идентитет, изјави по состанокот претседателката на ЛДП, пратеничка во македонското собрание и претседателка на Либералите од Југоисточна Европа (ЛИБСЕЕН), Моника Зајкова.

Првата резолуција предложена од ЛДП повикува на итно започнување разговори за вклучување на земјите од Западен Балкан – особено Северна Македонија, Албанија и Црна Гора – во одбранбената архитектура на ЕУ. Тоа подразбира пристап до Европскиот одбранбен фонд (EDF), учество во Постојаната структурирана соработка (PESCO), како и вклучување во клучните индустриски и стратешки иницијативи на Европската Унија, со нагласок дека овие чекори се неопходни за да се отстрани опасниот геополитички вакуум во срцето на Европа.

„Усвоена е уште една резолуција на ЛДП, која што е поддржана и од либерално-демократските партии од регионот на југоисточна Европа, а која што се однесува на целосно интегрирање на земјите од Западен Балкан во Европскиот одбранбен и безбедносен систем, кој што изнесува повеќе од 150 милијарди евра, но и во системот на слободен роаминг, односно роаминг како дома“, посочува претседателката Зајкова.

Втората резолуција ја нагласува потребата од итно проширување на режимот Роаминг како Дома (Roam Like at Home – RLAH), на земјите од Западен Балкан, особено имајќи предвид дека Украина и Молдавија наскоро ќе бидат вклучени во овој систем. Во резолуцијата на ЛДП стои дека доколку овие земји можат брзо да добијат пристап, нема оправдување тоа да не важи и за регионот на Западен Балкан. Преку резолуцијата ЛДП бара и целосна интеграција на Западен Балкан во ЕУ заклучно со 2030 година исклучиво според мерит систем односно постигнат реформски напредок.

– Продолжуваме да се бориме за интересите на Македонија, на македонските граѓани, но и на сите граѓани во Западниот Балкан. Западен Балкан заслужува да биде успешна приказна во Европа, односно дел од Европската Унија, каде што и припаѓа, додава Зајкова.

Би можело да ве интересира

Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Аврамовски: ЛДП утре во Собранието повторно ќе го поднесе предлог законот за отворени листи и една изборна единица

Горан Наумовски

ЛДП бара една изборна единица и отворени листи

Горан Наумовски

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи