Поранешниот бразилски ултрадесничарски претседател Жаир Болсонаро ги повика своите поддржувачи денес на протест во Сао Паоло во име на „правдата“, бидејќи се соочува со затворска казна за наводен обид за државен удар.
„Ова е повик да ја покажеме нашата сила… Ова масовно присуство ќе ни даде храброст“, рече тој во интервју за радио станицата AudiVerde Brazil.
Тој најави дека ќе одржи „различен“ говор на митингот на авенијата Паулиста од оној на кој се навикнати неговите поддржувачи.