Ја давел и ја тепал сопругата со чадор, семејно насилство во скопски Бутел

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда при вршење семејно насилство, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел телесно ја повредил својата сопруга. Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни, тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува. Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под. Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот. Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција.

Јавниот обвинител оцени дека во конкретниот случај се уште постојат основите поради кои првично беше определена мерка притвор, па побара притворската мерка за обвинетиот да биде продолжена.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за гостиварецот осомничен за силување на 14-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Алиу најави можност лекар да може да евидентира во систем доколку забележи пациент што претрпел насилство, а не го пријавил

Пет случаи за семејно насилство во последното деноноќие, едно лице е уапсено

Горан Наумовски

Го киднапирале, го тепале и му се заканувале со убиство за да признае силување

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство