СДСМ: Распад на системот, Сања Божиновска во енергетиката создаде хаос кој го плаќаат граѓаните

Од:

По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерувањето на Сања Божиновска во новоформираното Министерство за енергетика, можеме јасно да заклучиме: 0 резултати, 0 реформи, 0 проекти. Гледаме е целосен распад на енергетскиот систем, поради неспособноста на Божиновска.
ЕСМ како најголем производител на електрична енергија потфрли за цели 35% од планираното производство за 2025 година. Официјалното објаснување е дека планот бил „преамбициозен“, што само го потврдува погрешното управување со секторот, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– За првпат во последниве 35 години, РЕК Битола не работеше повеќе од седум дена. Во истиот период, РЕК Осломеј од 8 јуни до денес не е вратен на мрежа. Во рудникот Суводол се случи сериозна хаварија – лизгање на јаловинскиот систем, што го загрозува производството и безбедноста на работниците. ТЕЦ Осломеј не се користи за производство, туку за партиски вработувања – на луѓе ставани на списоци преку социјални мрежи. Во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија увезе повеќе струја отколку во трите години претходно заедно. Помпезно најавената инвестиција од 500 милиони евра за ветерници заврши како ливада за пасење овци. Нема ниту проект, ниту почеток, ниту локација. Додека министерката се слика по постројки и објавува промотивни видеа, граѓаните плаќаат поскапа струја, а системот се распаѓа. Дали министерката има склучено договор за правни консултации со познат адвокат близок до ВМРО-ДПМНЕ? И која е неговата улога, советничка или посредничка? Се поставува прашањето дали одредени соработки со адвокати укажуваат на постоење коруптивна мрежа во министерството која води директно до министерката, посочи Кузеска на прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата