Нов масакр во Газа: Најмалку 51 лице е убиено во израелските напади

Од:

Најмалку 51 лице е убиено во израелските напади врз Појасот Газа денес, од кои најмалку 14 во близина на центрите за дистрибуција на помош, соопштија болнички извори во палестинската енклава.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку 74 лица се убиени, а 391 се ранети во израелските напади во изминатите 24 часа, објави Ал Џезира.

Спасувачките екипи, исто така, ги пронајдоа телата на уште пет лица кои беа убиени во претходните напади.

Вкупниот број на жртви во конфликтот во Појасот Газа, според палестинското Министерство за здравство, достигна 56.156 мртви и 132.239 ранети од почетокот на војната.

Би можело да ве интересира

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа

„Гардијан“ открива: Како израелската војска ги претвора хуманитарците во мети

Холандија се откажува од Евровизија

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас