Албанската опозиција пропушти 20 години за да обезбеди правична застапеност, вели Мицкоски

Од:

Законот за правична застапеност обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по денешната посета на Деткста клиника во Скопје.

Претседателот на македонската влада посочи дека Законот за правична застапеност можеби уште денеска ќе биде испратен до Венецијанската комисија за произнесување, а потоа и во Собранието за донесување.

– Албанската опозиција повеќе од 20 години имаше можност да создаде закон кој што ќе обезбеди правична застапеност, но тоа не го направија. Тие создаваа импланти кои завршија со големи злоупотреби и измами. Таа опозиција, кога на времето беше во владата, и самите во еден извештај кажуваат дека времето на условно кажано алатката балансер е изминато и треба да се замени со нов начин за обезбедување правична застапеност. Но, кредибилитетот на тие политичари и посебно за овој закон е сведен на нула, истакна Мицкоски.

Според премиерот, целта на новиот закон е да се обезбеди професионализам, да е применлив и да не се политизира.

– Да причекаме да се произнесе Вевеницијанската комисија, а потоа сите пратеници во парламентот ќе го имаат предлог текстот и ќе може да учествуваат со амандмани и доколку формата биде усогласена истата да биде изгласана, а потоа и применета. Сакаме се да биде како што треба за тоа да не се политизира и да не се создава политичка тема таму каде што нема потреба. Ова е закон што обезбедува професионализам и компетентност на сите граѓани во Македонија, нагласи претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on