Зеленски: Путин ги отфрли сите мировни предлози, дури и оние од САД

Од:

Украинскиот претседател – Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли сите мировни предлози, вклучително и оние од САД, и дека нема знаци дека сака да ја запре војната.

„Русија ги отфрла сите мировни предлози, вклучително и оние од Соединетите Американски Држави. Путин мисли само на војна – тоа е факт. Можеби го поврзува својот политички опстанок со способноста да убива: сè додека убива – живее. Ова е потврдено од нашите разузнавачки податоци“, рече Зеленски во обраќањето пред учесниците на пленарната сесија на Форумот за одбранбена индустрија како дел од самитот на НАТО во Хаг.

Тој тврди дека Русија дури планира и нови воени операции на територијата на НАТО.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Зеленски, престани“

Кушнер: Може да има мир ако Украина исполни еден услов

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Трамп доби уверување од Путин дека Русија нема агресивни намери кон Европа

А1он

Трамп денеска ќе има телефонски разговор и со Путин, и со Зеленски

А1он

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски