(ВИДЕО) Мургашанска: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Од:

Откако му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откако јавно проговоривме за сите сомнежите за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово, сака да не замолчи. Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара Максим Димитриевски поднел тужба, дека бил навреден и наклеветен. Но, замислете, тужбата е за мои говори во Советот на општина Куманово. Димитриевски се плаши од вистината и затоа сака да ја заташка, да ги прикрие злоупотребите и да го замолчи секој што му се спротивставува и јавно му ги обелоденува, изјави Анита Мургашанска – советничка во Советот на град Скопје.

– А што најмногу го здоболело Димитриевски, кој дел од вистината? Цитирам: „Како се купува стан од 90 метри квадарни за 2.000 евра, како се прави размена со кумот“. „Срамота е човек кој е фатен со полна кола пари со поткуп“. „Не може да ја напаѓа претходната Влада, таа влада му ја раздолжи општиниата, токму таа влада на која и се заблагодаруваше“.

Еве нека види народот, ова се дел од цитатите, има секако и други, кои Димитриевски ги навел во тужбата. Јас како одговорна советничка сум гласот на граѓаните, јавно зборувам за скандалите и сомнежите за криминал на Максим Димитриевски и така и ќе продолжам. Јасно му порачувам дека нема ниту да ме уплаши ниту да ме замолчи. Благодарна сум за поддршката од СДСМ. Нашиот став е став на граѓаните, нешата борба е борба за вистината, за правдата и транспарентноста и одговорноста. Јавно порачуваме – нема повлекување! Ќе продолжиме да зборуваме гласно и јас и СДСМ. Ќе продолжиме да ја разобличуваме секоја негова злоупотреба и ќе бараме институционална реакција од надлежните. Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски. Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор. Како тоа Димитриевски добил стан од 97 метри квадратни во центарот на Куманово за само 2.500 евра? Куманово заслужува чесна и одговорна власт. Одговорност ќе има, кога тогаш. Правдата ќе стигне и во Куманово, нагласи Мургашанска.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски