ЕСМ: Саботажа во РЕК Битола, исклучен е Термоблокот 2, известена е криминалистичката полиција

Од:

Утрово, Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски беше исклучен од електроенергетскиот систем. Причината е преработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување. Со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагираа согласно оперативните протоколи. За случајот е известена криминалистичката полиција, која во моментов врши увид на местото на настанот со цел утврдување на сите околности, извести Електрани на Северна Македонија.

„По завршувањето на полицискиот увид, стручни екипи од РЕК Битола веднаш ќе започнат со детална анализа за согледување на евентуалната настаната штета и утврдување на точната причина за зголемувањето на температурата.

Во изминатиот период, производството на електрична енергија во РЕК Битола се одвива со намален капацитет. Термоблокот 1 е во редовен годишен ремонт, додека Термоблокот 3 е исклучен од мрежата поради актуелните намалени потреби за електрична енергија од страна на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.
Задоволувањето на потребите за електрична енергија на државата во целост е обезбедено преку зголемено производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку купопродажба на енергија од МЕМО“, велат од ЕСМ.

Би можело да ве интересира

Замрзнат имот во Србија на бизнисменот Борче Марковски осомничен за злоупотреби во РЕК Битола

Битолското обвинителство вложи жалба за одлуката за домашен притвор за двајцата осомничени за јавни набавки во РЕК „Битола“

Предраг Петровиќ

Судот одлучи: Нема затворски притвор за осомничените за местење тендер од 1,6 милиони евра во РЕК Битола

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС со нивната омилена компанија Марковски излезе на површина

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Меѓу приведените нема актуелни директори на РЕК Битола, реагира ЕСМ