Почина новинарот Владимир Лапе

Од:

По кратко боледување денеска почина Владимир Лапе, долгогодишен новинар и доајен на македонското новинарство.

Роден е во Скопје во 1946 година. Со новинарство започна да се занимава уште од студентски денови во средината на 60тите години во редакцијата Млади за млади во тогашното Радио Скопје, а потоа и како еден од уредниците на првиот бран прогресивни новинари уредници на неделникот за млади „Фокус”.

Во Македонската телевизија тогашна Телевизија Скопје започнува со работа во 1970 година и ги поминува сите професионални скалила, од новинар коментатор, водител, до главен и одговорен уредник за надворешна политика на МРТ.

Во текот на кариерата известувал за сите позначајни настани од значење за надворешната политика на Македонија, од сите континенти, вклучувајќи го приемот на земјава во ООН во април 1993 година. Целиот свој работен век го посвети на новинарството и се пензионираше во 2010 година

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Не е боледување, Сотир Лукровски избега од Карпош

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ

Сиљановска Давкова: Како докажани Европјани, должни сме да го осудиме и да се спротивставиме на секој облик на фашизам или слични идеологии

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот