(ВИДЕО) Двајца возрасни и бебе се убиени, а двајца тинејџери се ранети во пукотница во САД

Од:

Три лица, меѓу кои и осуммесечно бебе се застрелани, а двајца тинејџери се ранети по тепачка меѓу две групи на традиционалниот годишен карневал во предградие на Солт Лејк Сити, соопшти полицијата.

Меѓу загинатите се 41-годишен случаен минувач и 18-годишно момче од една од групите вклучени во тепачката. Тие беа убиени во пукотницата што се случи за време на „Вестфест“ во паркот Сентенијал во Вест Вали Сити, според полицијата.

Полициската управа на Вест Вали Сити соопшти дека додека полицијата се приближувала за да ја разбие тепачката меѓу две групи, а во еден момент 16-годишно момче од една од групите извадило пиштол и отворило оган кон другата група.

Полицијата возвратила на огнот, но не го погодила осомничениот, кој подоцна бил приведен.

Според Архивата за насилство со оружје, оваа година во Соединетите Американски Држави имало 156 вакви масовни пукотници, во кои четири или повеќе лица биле повредени или убиени, а ниту еден од нив не бил убиецот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пукање во Њујорк, три лица се ранети

(ВИДЕО) Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелка во близина на Денвер

Едно лице загина, осум се повредени во масовно пукање во Алабама

(ВИДЕО) Пукање во близина на универзитет во Флорида, 12 се повредени, меѓу нив и шест деца

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Горан Наумовски