Тошковски и Мицкоски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани, велат од СДСМ

Од:

Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани. Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат. Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски. Под притисок од СДСМ и од јавноста, конечно беа отворени постапки против неколку началници во МВР, велат од СДСМ.

„Вистината излезе на виделина. Полицијата имала обврска да го затвори објектот кој работел нелегaлно, а не да спроведува контроли спротивна на оперативните процедури. Понатаму полицијата била надлежна за безбедноста, имала законска обврска да спречи внес и употреба на пиротехнички средства, што се покажа дека е главна причина за пожарот.

Јасно е дека одговорноста лежи токму во врвот на МВР. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка. И двајцата мора да се повлечат за да не ја попречуваат истрагата и да не влијаат. Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства. СДСМ ќе продолжи да ја бара правдата за Кочани до крај. Ги повикуваме ОЈО ГОКК и Јавното обвинителство да постапуваат непристрасно и решително – да не се штити ниту еден функционер, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во кочанскиот „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Ако бевте невини, требаше вие да изгорите во трагедијата – му рекол обвинител на полицаец тврдат од Независниот синдикат

ВИДЕО: Родителите на жртвите во „Пулс“ блокираа во Кочани, ако нема ефект ќе дојдат во Скопје пред Кривичен

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

(ВИДЕО) Грозданов: Современа противпожарна опрема за сите пожарникари и функционална хидрантска мрежа во Кочани

39-годишен маж од Кочани брутално е убиен во Љубљана

Горан Наумовски