ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се извини што лажеше за Кочани

Од:

„СДС прави груба злоупотреба на трагедијата во Кочани со цел да добие политички поен плус. Обвинувањата на СДС дека институциите постапуваат под притисок на опозицијата е безочна лага. Сега институциите постапуваат професионално и неселективно, во однос на трагедијата во Кочани досега опфатени се голем број сегашни и минати функционери а некои се и во притвор. МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец.
МВР ги има обезбедено сите докази по кои постапува ЈО и презема акции“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат „Задача на ЈО, врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена е да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека на било кој начин е виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани. Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата“.

„Сериозен е обемот на документацијата, фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина е доказ за тоа. Огромна е разликата од МВР сега и од МВР под водство на Спасовски и СДС. Спасовски и СДС беа опортунисти и секоја околност и ситуација ја искористуваа за извлекување сопствена полза и корист или за теснопартиски интерес“ се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Директорот на Судска медицина: Во пожарот во „Пулс” температурата дошла до 700 степени – тоа е температура приближно за крематориум

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

Се одложи судењето за деветмината полицајци обвинети за трагедијата во дискотеката „Пулс“

Сведоштво за трагедијата во „Пулс“: Пиротехниката беше поставена опасно блиску до гостите

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он