Педесет отсто од мозочните удари можат да се предвидат, афазијата или проблемот со говорот е еден од предизвиците

Од:

Во Скопје дневно има еден до два мозочни удари, дури 50 отсто од ни можат да се предвидат. Најчести предизвици за овие пациенти се е нарушување на движењето и особено на комуникацијата. Ова беше истакнато на денешната панел дискусија на тема афазија, организирани од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје во соработка со здружението за поддршка на лицата со афазија „ХОУП“, чија цел е подигање на јавната свест за афазијата. Афазијата е нарушување на комуникацијата кое значително влијае на способноста на поединците да зборуваат, разбираат, читаат и пишуваат, а како состојба, најчесто настанува по мозочен удар или повреда на мозокот.

Како што појасни логопедот специјалист за дисфлуентни нарушувања на говорот, и директорка на Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје, Нермин Теловска, афазијата како една од почестите појави после мозочен удар, значително влијае на способноста за комуникација кај пациентите.

Сепак, вели, свесноста кај населението за афазијата и нејзините последици е ограничена. Од вкупно анкетирани 241 минувачи на улиците во Скопје, Теловска истакна дека 68 отсто никогаш не слушнале за афазија.

-Анкетирани се 241 минувачи низ улиците на Скопје и добивме интересни податоци. Дури 68 отсто никогаш не слушнале за терминот афазија, додека пак, од 235 испитаници – 100 мажи и 135 жени, 90 отсто од жените ја знаат поврзаноста на мозочниот удар со афазијата, додека 74 отсто од мажите имаат слушнато за тоа, рече Теловска на дебата на која учествуваа стручни лица, лица со афазија и нивни семејства и пријатели.

Според неа, со едуцирање на јавноста можеме да работиме на подобрување на свесноста за афазијата во нашето општество и да помогнеме во намалувањето на стигмата и непознавањето поврзани со оваа состојба, вели Теловска.

Мозочниот удар е најчестата патологија со која се среќаваме во секојдневниот живот. Се смета дека во Скопје дневно има еден до два мозочни удари, што е една голема бројка. Најголемиот дел од овие пацинети се сместуваат на Клиниката за неврологија, односно повеќе од 50 отсто од капацитетот на Клиниката се пациенти со мозочни удари, при што од суштинско значење е рехабилитацијата на движењето и на говорот.

Неврологот и професор на Медицинскиот факултет Иван Барбов, на денешната панел дискусија на тема „Афазија“ посочи дека еден од реалните проблеми со кој се соочуваат на Клиниката за неврологија е рехабилитацијата на пациентите после мозочен удар, особено рехабилитацијата на говорот.

-Реален проблем со кој се среќаваме е рехабилитација на пациентите после мозочен удар, особено рехабилитацијата на говорот, бидејќи некако на семејствата поважно им е да им се поврати движењето на рацете и нозете, отколку на говорот. Меѓутоа, со заедничка соработка се трудиме секој ден тоа да се промени, бидејќи подобрувањето на говорот е лечливо, иако генералното мислење на пациентите е дека тоа што е изгубено не може да се врати, посочи Барбов.

Превенцијата на мозочниот удар, вели професорот, е многу важна, потенцирајќи дека дури 50 отсто од мозочните удари можат да се предвидат. Како главни ризик фактори за добивање мозочен удар, тој ги посочи покачениот крвен притисок, дијабетесот, зголеменото ниво на холестерол во крвта, како и стресот.

-Превенцијата на мозочниот удар е многу важна, се смета дека дури 50 отсто од мозочните удари можат да се предвидат. Главни ризик фактори за добивање мозочен удар се покачениот крвен притисок, шеќерната болест, односно дијабетесот, проширените крвни садови, понатаму зголеменото ниво на холестерол во крвта. Возраста исто така е ризик фактор, колку е пациентот повозрасен толку ризикот е поголем и секако стресот е голем ризик фактор на кој треба да работиме да се намали, не само индивидуално, туку и како општество, рече Барбов.

Во рамки на активностите организирани од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација – Скопје во соработка со здружението за поддршка на лицата со афазија „ХОУП“, утре и во недела, во Градскиот парк во близина на Чколка од 10 до 12 часот ќе се делат флаери, рекламни материјали на тема афазија, а ќе има и можност за консултација со стручните лица кои ќе бидат присутни, вработени логопеди и доктори во Центарот за рехабилитација на вербалната комуникација – Скопје.

Би можело да ве интересира

Пожар во камион што се движел на автопатот Скопје-Тетово, возачот пренесен во болница

Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

Врховниот суд пред одлука: дали ќе има правда за Невена Спасеска

Предраг Петровиќ

Обвинителство отвори истрага против Скопјанец, во чиј дом е пронајден арсенал илегално оружје и муниција

ДУИ: Следните избори се референдум против изолирана, поделена и корумпирана Македонија

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија