Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Од:

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

-Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави Коцевски.

На почетокот од денешната прес-конференција во врска со истрагата за пожарот во Кочани, тој информираше дека е издадена наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот.

За полицајците се бараат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи при акциската контрола дозволиле употреба на пиротехника.

Дополнително, постапиле и спротивно на прописите за заштита и одобриле акциска контрола во дискотеката.

Би можело да ве интересира

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство