(ВИДЕО) Крмов: Имаме скржава власт која одвои малку пари за настраданите во Кочани

Од:

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата за пратенички прашања, упати критики до Владата поради нејзиното отсуство и недоволната финансиска поддршка за повредените од трагедијата во Кочани.

Крмов истакна дека премиерот Мицкоски ја напуштил седницата за пратенички прашања без објективна причина, иако Уставот и Деловникот го обврзуваат да присуствува.

Пратеникот од Левица ја отвори темата за здравствената и финансиска голгота на жртвите и нивните семејства, посочувајќи дека за засегнати семејства, најголемиот дел од помошта дошла од донации од граѓаните.

„За над триста фамилии кои што се засегнати од катастрофата во Кочани се обезбедени средства и тоа од донации преку Црвениот крст се собрани отприлика над 2,5 милиони евра, додека од организација „Сапорт Кочани” се собрани речиси 700.000 евра. Додека од Владата се обезбедени околу 30 милиони денари или само 487.000 евра. Соодносот меѓу донациите и помошта на Владата буквално е шест према еден. Значи од една страна, го имаме еден од најсолидарните народи со неговите донации, додека од друга страна имаме една скржава и неодговорна влада која за жал, се обидува теретот на лечењето практично да го префрли на донации”, рече Крмов.

Крмов во своето излагање потенцира дека оваа власт зеде една милијарда кредит и како државна тајна се кријат фирмите каде завршиле овие пари и сега повторно се задолжува со нов кредит од 6 милијарди евра.

– Зарем не може дел од тој кредит да се пренамени за засегнатите во Кочани? Пари има, само нема волја. И поради тоа, моето прашање е дали Владата планира да ја зголеми помошта за настраданите во трагедијата во Кочани, наместо да чека на донации, нагласи Крмов.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани