Филипче: Многу направивме за работниците, но тие не ги препознаа придобивките од нашата политика

Од:

За работниците направивме најмногу, мора да знаат дека со социјалдемократијата нивните права и стандард ќе растат. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусијата „Прогресивен одговор на кризата на демократијата“, во рамките на втората Меѓународна конференција за демократија и социјална правда, организирана од Институтот „Алексис Ципрас“ во Атина.

На панелот, на кој учествуваа професори од неколку светски универзитети и други говорници, меѓу кои и од Универзитетот Харвард, Филипче, како претседател на СДСМ, ги сподели своите ставови за тоа како да се заштитат темелите на демократските општества, кои сè почесто се загрозени од дејствувањето на авторитарните режими.

– Мораме да ги потсетиме нашите традиционални гласачи – работниците. Треба да признаеме дека во изминатите изборни циклуси многу од нив гласаа за десните партии, затоа што се чувствуваа напуштени од нас, изјави Филипче.

Тој го посочи примерот со Македонија, каде што, и покрај реалните вложувања и мерки за поддршка на работничките права, политиките не допреле до гласачите поради влијанието на хибридни инструменти што ги користат авторитарните режими.

„Тоа е парадоксот – ова е групата граѓани за кои направивме најмногу. Го зголемивме минималецот, обезбедивме социјална поддршка, но тие не ги препознаа придобивките од нашата политика“, рече Филипче, додавајќи дека мора да се преземат конкретни мерки против овие хибридни закани.

Како втора мерка, тој го нагласи значењето на подобар социјален и економски статус за работниците.

„Мораме да ги поврземе нивниот социјален и економски статус со животниот стандард, за да сфатат дека тоа е демократија – систем што им овозможува да ги остварат своите идеи и да постигнат благосостојба“, појасни Филипче.

Третата насока, според него, е справувањето со неконтролираниот капитализам.

„Особено сегашните и многу модерни, јас ги нарекувам технофеудалисти, кои успеаја да ги придобијат нашите традиционални гласачи, не затоа што им понудија подобри услови, туку затоа што го искористија нивниот страв од глобализацијата и имиграцијата“, рече тој.

Социјалдемократските и прогресивните либерални сили треба заеднички да ги искористат своите капацитети за запирање на подемот на авторитарните режими ширум светот. Филипче подвлече дека клучот лежи во отворената комуникација со граѓаните.

„Без разлика колку некое прашање изгледа ирационално, мора да разговараме за тоа, бидејќи кога луѓето се плашат од нешто и нешто не им е јасно, тогаш тие одат кон авторитарните режими, затоа што се чувствуваат побезбедно“, истакна тој.

Како заклучок, Филипче посочи дека иако предизвиците се големи, постои капацитет меѓу прогресивните сили да се здружат и да ги надминат опасностите што се закануваат на темелите на демократијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

Филипче: Со Мицкоски нема реформи, Македонија тапка во место кон ЕУ

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он