ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска да ги повика институциите да отворат истрага за Филипче за модуларната во Тетово

Од:

На СДС не може никако да му се погоди. СДС без докази обвинува за вистински виновници за Кочани и тоа го признаваат највисоките партиски членови. И кога се проширува истрагата за Кочани, и кога се апсат луѓе без разлика на политичката, етничката или општествената припадност, СДС пак е незадоволен и обвинува за селективност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Човек, крајот да не може да му го најде, и да не знае што СДС сака. Но, наместо да ги остават истражните органи да го расчистат целосно случајот за Кочани, на СДС постојано се однесува како дете на кое ништо не може да му се погоди.

Место да зборува колку да се каже нешто, Богданка Кузеска нека го повика нејзиниот претседател Филипче да понесе одговорност за 14 жртви во Тетово, кој за личен профит тендерската спецификација за модуларните, набавени како стока со неогнотпорен материјал, ја правел лично тој.

Исто така, Кузеска нека го праша управителот на бугарски фирми, Филипче кој во слободно време глуми претседател на СДС, како во време на економската криза од продажбата на јаглен за потребите на ЕСМ, 9 милиони завршиле кај кланот Заеви во фирма во Бугарија, блиска до Филипче. Исто така, како загрижена многу за правдата, Кузеска може да ги повика надлежните институции да отворат постапки и да ја истражат улогата на Филипче во модуларните болници и во злоупотребата на енергетската криза за лично богатење на него на неговиот ментор, Заев од набавката на јагленот за три пати повисока цена од реалната, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски