Млад човек е убиен во центарот на Белград

Од:

Млад човек е убиен со огнено оружје на улицата „Гаврило Принцип“ во центарот на Белград.

По пукањето, човекот го возел своето возило во спротивната лента и се судрил со градски автобус. На автомобилот се видливи траги од куршуми.

Како што објавија српските медиуми, младиот човек починал на самото место.

Припадниците на Интервентната единица 92, постапувајќи според описот, ги пронашле двете лица осомничени за учество во овој инцидент и ги донеле во службени простории, а кај едниот од нив бил пронајден пиштол.

Брза помош и полиција се на местото на настанот, а улицата во моментов е блокирана.

Би можело да ве интересира

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

ВИДЕО: Нови детали за несреќата во Белград, меѓу повредените и две деца

ВИДЕО: Трамвај излета од шините и удри во зграда во Белград, има повредени

Катерина Ѓуровски

Горат најмалку три сплавови на Ада Циганлија во Белград

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

Авион од Хургада принудно ќе слета во Белград