Митева: Кабинетот на премиерот е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Од:

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани.

Прашана дали има најава кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае тој веќе имал средба со дел на семејствата и има некоја договорена динамика за средби.

– Верувам и дека при интерес за средба таму, се надевам дека ќе бидеме и достапни и ќе биде информирана јавноста веднаш кога тоа ќе се случи. Меѓутоа мора да потенцирам дека има динамика на средби со семејствата, која се остварува, но поради нивно барање, тоа не е јавно објавено – изјави Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните