Кривичен одлучи: Се одобрува обвинението за аферата „Онкологија“

Од:

Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „Онкологија“, поднесен 22.5.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува, извести Кривичниот суд. Со оваа одлука на обвинителна клупа ќе седнат поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и неколку онколози.

„По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа“, се вели во известувањето.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска на заедничка прес – конференција на 22 мај годинава информираа дека предметот „Онкологија“ е завршен и поднесени се две обвиненија до Основниот кривичен суд Скопје.

Како што соопшти предметната јавна обвинителка, предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

Би можело да ве интересира

Даниела Димовска e избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

Горан Наумовски

Нема радиоактивна контаминација и пацентите и апаратите се безбедни, велат од Онкологија откако вчера имаше поплава во клиниката

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Кривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан Богоев, по комплетирање предметот ќе биде доставен на одлучување

Не дојде техничкиот советник на Обвинителството, се одложи рочиштето за „Онкологија“

Горан Наумовски

Признание за случајот „ИПАРД“: Обвинета призна дека земала мито, судењето продолжува за поранешни функционери

Горан Наумовски