Пезешкијан: Иран нема да се поклони пред притисокот од САД

Од:

Иран нема да се поклони пред притисокот од САД да ја суспендира својата нуклеарна програма, изјави денес иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

„САД велат дека мора да демонтираме сè што имаме, но ниту еден слободен човек нема да се поклони пред угнетувањето и неправдата“, рече тој, според Ројтерс.

Порано денес, „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на неименувани ирански и европски претставници, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложила привремен план што би му дозволил на Иран да збогатува ураниум на ниски нивоа.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан: Техеран мора да ги признае своите недостатоци, а не само да ги обвинува другите земји

Пезешкијан: Протестите се резултат на неисполнети економски барања

Пезешкијан: Државата е подготвена да го слушне својот народ, ќе ја реформираме економијата

Пезешкијан: САД и Израел сакаат да посеат хаос во Иран со организирање немири

Иран одлучи: Главниот град мора да се премести поради кризата со водата

Пезешкијан: Иран никогаш нема да се предаде